16.158 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Бразил во неделата, а 566 лица починале, објавија властите.

Досега, 120.828 пациенти починале во земјата како резултат на коронавирусот, а повеќе од 3,8 милиони луѓе се заразени, пренесува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека во Бразил обично има помалку потврдени случаи на вирус во недела поради помалиот број тестови.

извор: Makfax