Бразил пријави речиси 1.200 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, што значи дека вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата сега е повеќе од 20.000.

Исто така, има повеќе од 310.000 заразени во земјата, а повеќе од 125.000 оздравеле. Сепак, експертите предупредуваат дека пандемијата не го достигнала својот врв во Бразил, а Светската здравствена организација оваа недела забележа дека Латинска Америка е новиот фокус на пандемијата по Соединетите Држави.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, сè уште ја игнорира опасноста од пандемијата. И покрај постојаниот раст на болните и починатите, Болсонаро продолжува да бара од гувернерот да ја отвори економијата. Покрај тоа, тој пандемијата ја нарече мал грип и учествуваше на неколку протести на граѓаните во Бразил, со барање за отворање на државата.

извор: Makfax