Во денешниот бомбаки напад во Кабул постојано се зголемува бројот на загинати и повредени. Според последните, најнови податоци, загинати се најмалку 95 луѓе, а повредени над 150, објави Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил, кога бомбаш самоубиец возејќи комбе на брзата помош, го активирал експлозивот во моментот кога поминувал крај контролниот полициски пункт, изјавил за Си-Ен-Ен, портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими.

Во близина на експлозијата се наоѓаат и странски амбасади и зградата на владата.

Повредените се пренесени во болниците низ Кабул.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, кои пред само една недела во напад на хотел, убија најмалку 20 луѓе, меѓу кои 14 беа странци.

извор: Makfax