Во раните утрински часови на 3. септември во скопската полиција бил пријавен пожар во товарно возило на обиколницата, во близина на клучка „Мирковци“.

Како што информираат од МВР, пожарот настанал во камион марка „сканија“ со приколка и албанска регистрација.

Камионот бил управуван 45-годишен државјанин на Република Албанија, а пожарот избил додека возилото било во движење.

Огнот бил целосно изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

извор: Makfax