Во Босна и Херцеговина, денеска беа потврдени 324 нови случаи на инфекција со коронавирус, најголем број за еден ден од почетокот на епидемијата, според податоците објавени од институциите за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа, во федерацијата БиХ биле тестирани 1.209 лица, а инфекцијата била потврдена во 190 случаи. Во Република Српска биле спроведени 653 тестирања, а 134 биле позитивни на коронавирус.

Најголем број новозаразени лица има во Сараево, каде вирусот е потврден кај уште 67 лица, а две лица кои биле хоспитализирани поради инфекцијата починале. Уште една жена заразена со коронавирус починала во болница во Мостар.

Во РС, најголемо жариште на инфекција е Бања Лука, каде има 20 нови случаи, или вкупно повеќе од илјада од појавата на вирусот. Во Република Српска нема нови смртни случаи, но двајца лекари и шест медицински сестри се заразени во болницата во Зворник.

извор: Makfax