Во моментов во Битола се реконструираат три фасади и тоа фасадата на државното Музичко училиште, Гимназијата и Безистенот, и со потпишаните договори се очекува до крајот на оваа година трите фасади да бидат завршени.

“Обнова на фасадите, но и уредување на музејските поставки ќе се врши на меморијалните музеи на Стив Наумов и Гоце Делчев, со што музеите ќе го добијат својот автентичен лик екстериерно и ентерирено”, посочи министерката за култура Елизабета Канческа /Милевска при денешната посетата на Битола.

Министерката информираше и за целосната обнова на Јени Џамија во галериски простор во кој ќе бидат изложени вредни дела што ги поседува НУ Завод и Музеј-Битола.

– Во програмата на НУ Завод и Музеј-Битола е и проектот во преспанско Курбиново каде се завршени сите истражувања и наскоро се планира завршување на конзервација на црквата во Курбиново. Сакам да истакнам дека сум задоволна од ангажманот и реализираното на НУ Центар за култура-Битола како и од НУ Музеј на албанската азбука” рече Канческа- Милевска.