Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон објави пред парламентот дека во државата се вратиле 117 џихадисти кои се бореле во редовите на Исламска држава во Сирија, јави БТА цитирајќи локални медиуми.

Вкупно 451 белгиски граѓанин “заминал или имал намера да замине во даден момент” за да бидат дел од ИД, прецизира Јамбон. Тој додаде дека од вкупниот број, 59 не успеале да заминат од Белгија. Податоците покажуваат дека половината белгиски џихадисти се од Брисел, од квартовите Моленбек, Скарбек и Вилворд.

Повеќе од 800 радикални муслимани биле дел од терористички групи, како Исламската држава, во Ирак и Сирија, објави германската Федерална криминалистичка полиција (БКА). Една третина од тие луѓе или околу 260, веќе се вратиле во Германија, а околу 130 џихадисти со престој или државјанство во Германија, загинале во конфликтите во Сирија и Ирак.