Белгиското сојузно државно обвинителство извести дека во транспортен контејнер од Гвајана е запленета рекордна количина, од 11,5 тони чист кокаин, како дел од акција против поголема криминална организација.

Дрогата, запленета во пристаништето Антверпен, која била наменета за Холандија е уништена. Нејзината пазарна вредност се проценува на околу 450 милиони евра, додаде обвинителството во соопштение.

Дрогата е откриена како дел од белгиската судска истрага започната кон крајот на 2019 година, по заплената на 2,8 тони кокаин. Истрагата овозможила да се разбие меѓународната криминална и добро организирана група, која е осомничена за редовно снабдување со големи количини на кокаин од Јужна Америка во Белгија, се вели во соопштението на државното обвинителство.

Инаку, на 1 октомври беше објавено дека околу 30 лица биле уапсени во Белгија, Холандија и Шпанија по претрес на 70 станови и куќи. Меѓу нив, 22 се уште во притвор, а запленети биле скоро 3 милиони евра.

Дрогата била скриена во контејнер со старо железо.

Истрагата откри дека уште една пратка кокаин била на пат од Јужна Америка.

извор: Makfax