x

Во Барса се предомислија околу новиот тренер

bartomeu

Вистински хаос владее во редовите на Барселона по вчерашниот убедлив пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампионите од 2-8. По дебаклот беа најавени промени, секако и натаму се чека официјална потврда за смена на Кике Сетиен, стратегот на каталонскиот гигант.

Во меѓувреме додека се чека да се огласат, во Барса има проблем со новиот тренер. Беше најавуван Маурицио Покетино, но се чини оваа соработка нема да се реализира. Аргентинецот во минатото беше непријател на клубот, како што пишува „АС“ за него вратите нема да се отворат.

По една вакво размислување, Бартомеу и неговите соработници ќе треба да се свртат кон друго решение, се споменува Чави Хернандез, кој не крие дека сака да седне на клупата на Барса.

Секако пред да се превземе било каков чекор, прво треба да си замине Сетиен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата