Во попладневните часови на 21. септември во полиција било пријавено дека во базен во круг на фабрика на прилепската улица „Орде Чопела“, бил пронајден удавен 56-годишниот Г.М. од селото Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот.

Безживотното тело било извлечено од страна на противпожарна екипа од Прилеп, а од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

извор: Makfax