x

Во Арсенал тројца не сакаат намалување, едниот се знае кој е….

Премиерлигашот Арсенал беше првиот кој интерно договори смалување на платите на фудбалерите. „Дилот“ е поставен на 12.5% со назнака дека доколку се обезбеди сериозно добар пласман во Европа, тогаш исплатата може да биде целосна.

Сепак, информациите се дека тројца од фудбалерите не се согласуваат на вакво нешто, а можете да претпоставите кој е еден од нив. ШПекулациите се дека најпатениот играч, Германецот Месут Озил не сака да го потпише колективниот договор, и да се согласи на намалување на инаку 350.000 фунти неделната плата.

Тој заработува најмногу во Арсенал, а игрите се далеку од она посакуваното. Затоа и ситуацијата на Озил е многу комплицирана во моментов.

Неговиот агент Еркут Согут изјави дека, ситуацијата околу финасиите и заработувачката на клубовите не може да се процени сега, туку за неколку месеци, па тогаш ќе се процени дали ќе има смалување или не.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата