x

Во Арсенал ништо не е како што треба, Емери ја губи довербата и на играчите

Фудбалерите на Арсенал ја губат довербата во тренерот Унаи Емери, што е практично патоказ за негово скорешно заминување од клупата на „топчиите“. Англискиот печат пишува дека состојбата во Арсенал веќе не е ни кревка.

48-годишниот стратег е под притисок по уште еден слаб настап намечот со Саутемптон викендов. Во тимот расте незадоволството од тренерот и дел од играчите отворено побарале тој да биде заменет.

Фудбалерите на Арсенал се збунети од изборот на тактики и упатства на Емери за самиот меч, и не гледаат дека тимот има своја индивидуалност под водство на шпански тренер.

Доколку клубот не влезе во Лигата на шампионите следната сезона, ќе му биде исклучително тешко да ги задржи своите напаѓачи Александар Лазакет и Пјер-Емерик Обамејанг, за кои уште сега има голем интерес на европскиот пазар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата