Најпосле, раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, успеаа во намерата да ги осигураат услугите на германскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Валенсија, Шкодран Мустафи.

За да ги осигураат услугите на централниот дефанзивец, челниците на Арсенал мораа да одвојат околу 35 мил. фунти, а откако беа договорени сите детали, репрезентативецот на Германија изјави дека направил чекор понапред во неговата фудбалска кариера.

За мене важно е да играм во клуб каде има тренер кој е таму многу години и се грижи за сè. Чест ми е да тренирам под еден таков тренер. Арсенал е огромен клуб со голема историја. Клуб кој секогаш бил на европскиот врв. Направив чекор понапред во мојата кариера. Шанса да играм во Лигата на шампиони покрај фудбалери од кои можам многу да научам е причината поради која се преселив, изјави Мустафи.