x

Во Англија одамна немало ваков резил

Тешкиот пораз на Ливерпул со 4:0 од Манчестер Сити е повторување на антирекордот во Премиер лигата кој го запишал шампионот на Англија.

Последен пат ваков дебакл на новиот шампион во англиската елита е регистриран на 6 мај 1998 година кога тогашниот првак Арсенал изгубил од Ливерпул со 0:4 на првиот меч после освојувањето на пехарот.

Резултатот од  0:4 од Манчестер Сити е првиот случај во последните три години, во кој Ливерпул прима четири гола на еден меч. Последен пат такво нешто се случи во октомври 2017 кога „црвените“ изгубија со 1:4 од Тотенхем.

Друг љубопитен факт е што двата најтешки порази на Ливерпул под водство на Јирген Клоп се запишани против „граѓаните“ – 0:5 во септември 2017 и 0:4 на 2 јули 2020 година.

Исто така Ливерпул не успеал да реализира гол на пет едноподруго гостински натпревари во сите конкуренции што е за првпат по април 1992 година кога имаа осум меча без да ја начнат мрежата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата