Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 156 случаи на коронавирус, што го зголеми вкупниот број заразени на 8.275, соопшти Министерството за здравство и социјална грижа на таа земја.

Уште пет лица починаа, така што вкупниот број жртви достигна 245.

Во последните 24 часа тестирани се 837 лица, а досега се тестирани вкупно 55.227 лица.

Активно заразени се 3.846 луѓе.

извор: Makfax