Пет лица загинаа, а 26 се повредени утрово откако словечки автобус се превртe на автопатот Белград-Ниш, во близина на Алексинац.

Несреќата се случи утрово околу 3:30 часот.

Туристите од Словачка се враќале од Крф, Грција. Во возилото имало 29 патници и двајца возачи.

Екипите на Брза помош згрижиле 26 патници, додека петмина патници останале заробени под превртениот автобус.