Војник објавувал тајни на интернет
Еден грчки војник е уапсен во градот Арта под обвинение дека преку Интернет објавувал тајни документи кои содржеле планови за мобилизација на грчката армија. Полицијата соопшти дека била известена за активностите на грчкиот војник од службата за електронска безбедност на армијата, по што од обвинителството добила налог за следење на неговите активности.