x

Војдан и Гравелин „потопени“ на стартот на сезоната во Франција

vojdans-tojanovski-gravelin

Екипата на Гравелин-Данкерк во чии редови оваа сезона настапува нашиот кошаркарски репрезентативец и капитен, Војдан Стојановски, доживеа вистински дебакл на отворањето на сезоната во Франција. На гостувањето кај Левалоа, Гравелин-Данкерк беше поразен со 32 поени разлика (89:57).

Стојановски беше еден од ретките во гостинскиот тим кој заслужија преодна оценка. За 25 минути поминати на паркетот, Стојановски заврши со 10 поени (4/8 за 2) и еден реализиран скок.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата