Осумнаесет убиени и 47 повредени во вооружен напад во Политехничкиот факултет во пристанишниот град Керч на Крим, објави Раша тудеј.

Напаѓачот е идентификуван како 18-годишен студент, кој откако предизвикал експлозија во колеџот, извршил самоубиство.

Рускиот истражен комитет наведува дека нападот во училиштето се третира како масовно убиство, а не како тероризам. На Крим е прогласена тродневна жалост поради трагичниот настан.

извор: Makfax