ВОНРЕДНА СРЕДБА НА ФИЛИПЧЕ со Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести.
Оттаму известуваат дека се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба.