Во Скопје ќе биде облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб претежно западен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во пораст попладне ќе има локален слаб дожд, а од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд и спуштање на температурата за околу 5 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, времето во среда ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од над 70 км/час и со услови за појава на град.
Локално се очекува да наврнат 30 литри на метар квадратен воден талог, информира УХМР.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе бидат од снег.