Министерството за здравство информира дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така, побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

Од МЗ велат дека по завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана.

Јавноста дозна за овој случај по објавата на ќерката на починатата пациентка на „Фејсбук“ во која напиша дека нејзината мајка цел ден ѕвонела кај дежурните медицински лица и испраќала пораки дека ѝ е потребен кислород, но немало одговор.

Господине Венко Филипче,
И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под…

Posted by Михаела Довичинска on Sunday, November 15, 2020

извор: Makfax