Министерството за здравство ја информира јавноста дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така, побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана.