Купил некој од Бит Пазар волшебни очила со кои сите луѓе се гледаат голи. Итајќи кон дома за да се пофали пред жена си, уживал во уличните глетки. Кога пристигнал дома, жена му ја нема. Барајќи ја низ станот ја нашол во креветот во спалната соба, заедно со поштарот. Ги извадил очилата, па ги ставил… ги извадил, па ги ставил… и нервозно извикал: – Сто евра… сто евра платив за очилата… а веќе не работат!