Во Кумановскиот театар вечер премиерно ќе биде изведена детската претстава „Волшебникот од Оз„ во режија на Бојана Краљевска.

Претставата е работена по мотивите од романот на американскиот автор Франк Лајман Баум.

“Иако напишан пред повеќе од 100 години, текстот е се уште актуелен, тема која со интересни ликови преку возбудливи ситуации трага по вистинските вредности во животот”, вели Краљевска.

Во премиерата настапува актерката Сања Русеска, која ја игра Дороти, Кети Дончевска Илиќ има двојна улога, на лошата вештерка, Гнасна и на добрата самовила Зелена. Марко Трајковиќ, е во улогата на плашилото, а волшебникот и човечето на сцената ќе ги претстави Горан Илиќ, додека Мартин Лазаревски ќе ја толкува улогата на лимениот дрвар.

Преставата „Волшебникот од Оз” е сопствен проект на Кумановскиот театар. Покрај вечерашната премеира во 18.30 часот, веќе е закажана и реприза за 26 март (сабота) со почеток во 12.30 часот.