x

„Волците“ за 6 минути го решија Шефилд, Раул со гол го одбележа 100. настап (видео)

vulvs-e1600109645693

Вулверхемптон тргна со победа во Премиер лигата. Вечерва славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 2:0. Четата на Нуно Еспирито Санто го решија мечот во првите шест минути. Уште во третата Раул Хименез на асистенција на Поденс со прекрасен гол го одбележа 100. настап за клубот, а три минути подоцна по корнер со глава реализираше дефанзивецот Роман Сајз. Резултатот од 2:0 остана до крајот и така „волците“ ги освоија првите бодови во новата сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата