x

Волаид: Македонија игра модерно, има и тимски и индивидуални квалитети

volaid1

Селекторот на естонскиот национален тим Краел Волаид, ја испофали Македонија пред утрешната меѓусебна пресметка во Талин во рамките од Лигата на Нации.

Волаид истакна дека во овој миг нема повеќе слаби репрезентации, дека не може да воочи слаба страна на селекцијата на Македонија.

„Македонија е тежок противник. Тие немаат некоја слабост, која ја има дури и во силните тимови. За нив не може да се каже дека слаба алка им е одбраната или нападот. Сите видови стереотипи треба да се заборават во фудбалот против било која репрезентација. Таа селекција игра модерен фудбал, и покрај тимските, поседува и индивидуални квалитети“, напомена селекторот Волаид. 

Волаид најави и неколку промени во неговата селекција за разлика од минатите мечеви, со тоа истакнувајќи незадоволство од одредени позиции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата