Здружението на граѓани за подготовка и организирање на меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ во име на прерано починатиот Оливер Соколов – Сокол заедно со жителите на Карпош 1 повторно се заложи да го обнови и продолжи турнирот во сеќавање на Сокол кој традиционално 16 години успешно се одржуваше во негово име под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош.

Турнирот се организира на игралиштето „Сокол” кое е во склоп на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“.

Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Човек кој на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот.

Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година беше, е и ќе остане најдобаро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција конечно да прерасне во меѓународен турнир. Оваа година е 17-от по ред и веруваме дека ќе биде запаметен по неговата посетеност и професионалност.

извор: Makfax