x

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Полски ски-скокач доживеа страшен пад и лежеше облеан во крв (ВИДЕО)

Полскиот ски-скокач Пјотр Зила, доживеа пад за време на ски-скоковите во Висла.

При првиот скок изгуби рамнотежа и при брзина од 90 километри на час, падна на земја и удри со главата на земја, по што остана да лежи облеан во крв.

Публиката занеме, но подоцна се покажа дека нема тешки повреди, туку само посекотини на лицето. Зила се очекува брзо да се врати на скокалиштата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата