Инцидентот се случил пред трговски центар во Нов Белград, а видеото го снимиле безбедносните камери. Во видеото во продолжение се гледа како работник од обезбедувањето со удар со глава нокаутира жена и тоа пред продавница. 

Причината за инцидентот не е позната, но во секој случај гестот на работникот е без никакво оправдување и за секаква осуда.