Голема трагедија го погоди фудбалскиот и спортскиот свет. Фудбалската асоцијација на Гана (ГФА) ја потврди трагичната несреќа која се случила во бизлија на Кумаси, во регионот Ашанти. Автобусот, кој превезувал млади фудбалери да се регистрираат за претстојната сезона, паднал во реката Офинсо.

Осум млади фудбалери го загубиле животот, а други 24 деца се на болничко лекување во болницата „Ст. Патрик“ во Офинсо.

Според полицијата, возачот изгубил контрола над возилото под засега неидентификувани околности. Првите луѓе на фудбалот во Гана изразија сочувство до семејствата на загинатите млади фудбалери.