На 17.07.2020 во 00:10 часот на регионалниот пат Конче – Радовиш, во атар на с.Ракитец во близина на крстосница „Лакавица“, патничко возило „ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.С.(35) од с.Конче, радовишко, изгубило контрола, излетало од патот и удрило во дрво.

Во незгодата, возачот З.С. и сопатниците Б.Р.(22) и И.М.(34), двајцата од с.Ракитец, биле пренесени во болницата во Радовиш, каде што на З.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на сопатниците телесни повреди.

Бил извршен увид на местото на настанот.