Симпатично шаренило инспирирано од италијанската улична мода, разиграни манекенки, врвни креатори и многу познати лица во публиката-се зборови со кои најдобро можат да се опишат ревиите на миланската модна недела. Изминатите неколку дена Кавали, Версаче, Галијано ги претставија своите колекции за пролетлето 2005. Заедничко за сите овие колекции е што преовладуваат живи бои-зелена, сина, жолта, со неколку содржајни црно-бели комбинации, посебно истакнати во ревијата на Версаче. Некои од фустаните неодоливо асоцираа на балски фустани од некои минати времиња, докажувајќи дека шармантната конзервативност не ги остави рамнодушни италијанските креатори. Сето тоа дополнето со многу детали-ремени, масивни бижутерии, шешири, капи и торбички.


(А.Н.)