Возач со автомобил „голф“ удрил во татко и син на мотоцикл во Тетово и избегал од местото на несреќата. Таткото се здобил со тешки повреди, а синот со лесни.

Според информациите на МВР, вчера во 12.15 часот на ул.„146“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која автомобил „голф 4“, управувано од непознато лице, кое по несреќата избегало, удрило во мотоцикл „боатиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.И.(53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син.

Двајцата билепренесени во Клиничката болница Тетово каде на Х.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетникот лесни повреди.

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax