Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција истакна дека возачот на автобусот со кој од Италија допатуваа двајцата сопружници заразени со коронавирус, во меѓувреме повторно заминал за Италија, а со нова тура патници во моментов се наоѓа граничниот премин Табановце.

„Возачот ќе биде прегледан и тестиран. Направен е целосен увид и ќе се направат на сите патниици кои влегле во земјата“ рече министерот Филипче.

Инаку, двајцата патници кои вчера беа дијагностицирани со коронавирус се во стабилна состојба.

Пронајдени се уште девет лица кои биле во близок контакт со болните од Дебар, со што вкупната бројка на лица со кои контактирале засега е 38 и препишана им е домашна изолација и надзор.

Сите 28 патници кои патувале со нив во автобусот се контактирани, извршени се анкети со нив, ќе им биде назначен домашен надзор. Меѓу патниците имало и еден патник од Албанија, за што е известено албанското министертво за здравство.

Министерот кажа дека целосно е подготвен објектот за изолација во Демир Капија.

извор: Makfax