Најмалку 18 лица загинаа рано утрово, кога пакистански воен авион се урнал врз семејни куќи додека бил на тренажен лет недалеку од округот Равалпинди.

Најмалку 13 цивили, кои се наоѓале во куќите во селото Мора Калу ги загубиле животите, како и пет војници, вклучувајќи ги и двајцата пилоти на авионот, објави агенцијата АП.

Официјални лица изјавија дека 15 лица се повредени.

Армијата и полицијата се на местото на несреќата каде во тек е истрага, а причината за инцидентот сè уште не е утврдена.

извор: Makfax