Милена Антовска наскоро ќе го изговори судбоносното “да”! Атрактивната водителка и омилено телевизиско лице после само неколку месеци врска се вери со скопјанецот Гордан, а свадбената веселба парот ќе ја направи во мај годинава.

Веќе си дадовме збор со Гордан, односно се веривме. Свадбата е закажана за во мај, па наскоро ќе почнеме со подготовки”, откри Милена и додаде дека е пресреќна што ќе биде невеста.

Се уште немам одлучено каква венчаница ќе носам, но за кратко ќе морам да се решам затоа што имам само неколку месеци до свадбата. Многу сум среќна со Гордан и уште кога го запознав знаев дека со него ќе го поминам остатокот од животот”, додаде водителката.