Водачот на рускиот мото-клуб „Ноќни волци“, Александар Залдастанов, попознат како Хирург, ја честиташе победата на Српската Православна Црква и на народот во Црна Гора, каде вчера се одржаа парламентарни избори.

Залдастанов честитката ја упати до српскиот патријарх Иринеј, Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, српските и црногорски браќа, како и на моторџискиот клуб „Ноќни волци“ во Црна Гора.

Не го даваме светото“, рече Залдастанов на српски јазик во пораката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Залдастанов исто така изјави дека ако се искачите на највисокиот врв во Црна Гора, од таму можете да го видите Кремљ.

„Непријателите не можат да не променат, тие не можат да ги претворат русофилите во русофоби“, рече тој.