Водачот на ланските протести на земјоделците во Никарагва, Медардо Маирена, е осуден на 216 години затворска казна.

Тој ги предводеше протестите против претседателот Даниел Ортега, по што во декември минатата година беше обвинет за тероризам, убиство и организиран криминал.

Во минатогодинешните протести против Ортега загинаа повеќе од 320 лица, кога приврзаниците на Владата и полицијата отворија оган кон насобраниот народ.

 

извор: Makfax