Водат: Силајџиќ, Радмановиќ и Јовиќ
Лидерот на Странката за БИХ, Харис Силајџиќ, според неофицијалните резултати освоил 38,13 отсто од гласовите и убедливо води во бошњачкиот блок пред претседателот на БИХ Сулејман Тихиќ, кој веднаш го призна поразот.
Актуелниот министер за локална самоуправа во Република Српска Небојша Радмановиќ има најмногу гласови и е најверојатно идниот српски претставник во претседателството. Во борбата за хрватски претставник води Иво Миро Јовиќ од Хрватската демократска заедница, кој и досега беше на оваа функција.