Водата во Венеција никогаш не била почиста за прв пат гледаме риби, коментираат жителите на Венеција, кои споделија фотографии и видеа на социјалните мрежи,на кои може да се види неверојатно чиста вода во каналите. Жителите велат дека таа е толку чиста што можат да ги видат рибите што пливаат во каналите.

Како и во Кина, и во Италија воздухот сега е почист затоа што луѓето не возат автомобили, производството престана и другите загадувачи веќе не се толку активни. Ги нема и илјадниците туристи кои вообичаено ја посетуваат Венеција и пловат по каналите во туристичка обиколка на градот.

„Каналите изгледаат како Малдиви. Неверојатно. Никогаш не сум ја видел мојата Венеција толку чиста во мојот живот“, пишуваат жителите на Венеција во коментарите на социјалните мрежи.

извор: Makfax