Указот за одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување вонредна состојба во Украина, која денеска ја потпиша претседателот Петро Порошенко, ќе биде на сила  до 25 јануари 2019 година, беше објавено на веб-страницата на украинскиот претседател.

Одлуката на Националниот совет за безбедност и одбрана е активирана од 26 ноември 2018 година, а се однесува на вонредни мерки за да се обезбедат суверенитетот и независноста на Украина и воведувањето вонредна состојба во Украина, се наведува во документот.

извор: Makfax