Родителите често имаат недоумица која храна смеат да јадат децата.

Исхрана на детето, особено во првата година, многу е важна и од неа зависи понатамошниот развој и раст на детето.

Благо

Многумина од нас сакаат благо и во него уживеат, но кога е во прашање детето, тогаш мора да се обрне внимание. Ако на многу мали деца често им давате слатки тоа може да доведе разни здравствени проблеми како што е дебелеење и дијабетис. Покрај ова, често се јавуваат проблеми со здравјето на запчињата, штом тие избиваат од десните. Меѓутоа, ова не значи дека на децата треба сосема да им ги укинете слатките работи, потребно е само да го рекулирате нивното конзумирање.

Зрнасти плодови За мали деца тие не се добар избор од причини што сосема малите деца неможат да соџвакаат цврста храна. Поради тоа орасите и други слични плодови можат да предизвикаат повраќање. Друга причина е што тие можат да предизвикаат голема алергија.

Meд

Медот не смее да се дава на деца пред да наполнат една година, бидејќи постои ризик од труење со бактеријата ботулизма.

Слатки газирани пијалоци

Сите знаеме дека слатко газирани пијалоци преполни се со шекери, кофеини и други адитиви кои не се добри за човечкиот организам. Исто така докажано е дека љубителите на овие сокови се често дебели, страдаат од бубрежни болести и дијабетис, како и од често крварење на забите.

Брза храна

Што подоцна се запознае со брза храна, тоа е подобро – бидејќи во секој случај е непосакувана храна дури и за возрасни. Главната опасност од брза храна се брзи јагленихидрати, многу калории и транс-маст, сол и конзерванси. Исто така, витамини и корисни микроелементи се она што во брзата храна не се наоѓаат.