Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет паѓа во Битола, К.Паланка, Делчево, Д.Капија, Удово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар.

На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.

На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема ( ланци ).

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се уште се на сила.

извор: Makfax