Кога велиме идилична празнична глетка, веројатно, замислуваме раскошна елка покрај запален камин. Но во реалноста, ставање елка покрај силен извор на топлина не е најпаметната идеја. 

Стручњаците препорачуваат елката, без оглед дали е вештачка или природна, да биде оддалечена барем еден метар од какви било грејни тела – печка, парно, камин. Колку подолго стои елката до силен извор на топлина, толку е поголема шансата од несреќа, односно ризик да се запали.

Ако вештачката елка се запали, тоа носи ризик од ширење на опасните соединенија како последица од горење на пластика и други материјали, па затоа не ја ставајте ниту близу запалени свеќи.

Одбегнувајте да ја ставите и директно покрај прозорец. Доколку го сторите тоа на тој начин не само што ќе го оневозможите редовното проветрување на домот, што е важно во зимските месеци, туку и ќе го намалите продорот на природна светлина во остатокот од животниот простор.

Истражувањата покажале дека недостатокот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае на расположението на поединци и да предизвика безволност, слаба концентрација, пореметување на сонот и слични проблеми.

Иако многу сонуваат за раскошни стебла кои допираат се до таванот, подобро е да се купи помала елка. Идеално би било меѓу плафонот и врвот на стеблото да имате на располагање барем половина метар слободен простор.