x

ВМФЛ – ИСТОК: Штипските “сини“ нема да го потценат Росоман…

deveto-kolo-istok

 

Попладнево се играат сите мечеви од 9.коло во Втората лига – исток. Во ова коло нема класично дерби што се вели, но сепак сите натпревари ќе бидат интересни. Брегалница во Штип го дочекува составот на Росоман, ова ќе биде нивни прв официјален натпревар, а се знае дека “сините“ се големи фаворити. Сепак од таборот на Брегалница велат дека немаат намера да го потценат Росоман, но дека бодовите ќе останат под Исарот. Брегалница има проблеми со повредите, а неизвесен е настапот на Манев, Кудијан, Наумов и Додев. Тиквеш пак како домаќин во Росомани ќе ја нагости екипата на Каменица Саса. Секако дека кавадарчани се фаворити, но кој смее да го отпише составот нод Македонска Каменица предвреме. Кит Го му гостува на Кожуф, Осогово дома игра со “фенерџијата“ Плачковица, додека во Виница домашната Слога игра против Победа.

 

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА

КОЖУФ – КИТ ГО

ОСОГОВО – ПЛАЧКОВИЦА

ТИКВЕШ – КАМЕНИЦА САСА

БРЕГАЛНИЦА – РОСОМАН

СЛОВА (В) – ПОБЕДА

ТАБЕЛА

1.ТИКВЕШ 20

2.БРЕГАЛНИЦА 20

3.КОЖУФ 13

4.КИТ ГО 9

5.СЛОГА (В) 9

6.ПОБЕДА 8

7.КАМЕНИЦА САСА 8

8.ОСОГОВО 8

9.РОСОМАН 7

10.ПЛАЧКОВИЦА 5

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата