x

ВМФЛ – ИСТОК: Тиквеш пред лесни три со “фенерџијата“

tikves-171219-1024x683

Попладне од 13:30 часот на програмата се останатите четири меча од Втората лига – Исток. Вчера во првиот меч од ова 10.коло Брегалница без многу напор успеа да ја победи Каменица Саса и така да го запоседне врвот на табелата.

Сега на потег е Тиквеш, кој ако сака да се врати на чело на табелата ќе мора денеска на “свој“ терен во Росоман да слави над “фенерџијата“, екипата на Плачковица. Се друго ќе биде лошо за составот на Раде Цицмиловиќ кој нема некои поголеми проблеми со составот, единствено поради повреда нема да смета на Тоше Делов.

Кит Го во Пехчево ја дочекува Победа, се очекува интересен натпревар, додека Слога во Виница игра против Росоман, тука секој резултат е во игра што се вели. И во Кочани, домашниот тим на Осогово посакува со победа над Кожуф да го продолжи добриот тренд од последните мечеви.

ДВОЈКИ ЗА 10. КОЛО – ДЕНЕСКА (13:30 Ч)

КИТ ГО – ПОБЕДА

СЛОГА (В) – РОСОМАН

ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА

ОСОГОВО – КОЖУФ

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – КАМЕНИЦА САСА 3:0

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 26

2.ТИКВЕШ 23

3.КОЖУФ 16

4.СЛОГА (В) 14

5.ОСОГОВО 9

6.КИТ ГО 9

7.ПОБЕДА 8

8.КАМЕНИЦА САСА 8

9.РОСОМАН 7

10.ПЛАЧКОВИЦА 6

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата