x

ВМФЛ – ИСТОК: Секуловски денеска дебитира на клупата на „сините“ и тоа кај Плачковица

mane-sekulovski

 

Нема пауза за второлигашите. Денеска од 13 часот се играат сите натпревари од 11.коло во Втората Лига – Исток. Трката меѓу Брегалница и Тиквеш за првото место продолжува. Во пресрет на ова коло водечкиот двоец има по 26 бодови.

Марјан Секуловски минатиот викенд беше назначен за нов шеф на струката на Брегалница, а денеска ќе го има своето деби на клупата. Штипјани гостуваат во Радовиш, кај екипата на Плачковица, која никако да го избегне последното место. Тука нема дилеми, се знае кој е фаворит, кој би требало да победи.

Дербито се игра во Гевгелија каде домашниот Кожуф го дочекува Тиквеш. Ако кавадарчани можат некаде да кикснат тогаш тоа е на ова гостување. Во Кочани интересен меч, и тоа меѓу Осогово и Кит Го од Пехчево, крајно неизвесен за прогнозирање. Каменица Саса очеква добар резултат против Слога Виница, игра дома и посакува победа, иако виничани се крајно жилав тим, тешко се игра против нив. И во последниот, петти меч од ова коло, Росоман ја дочекува Победа, ова е дуел на двете екипи кои досефа собраа само по 8 бодови и жестоко се борат да го напуштат долниот дел на табелата.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 11. КОЛО (13:00 Ч)

ОСОГОВО – КИТ ГО

КОЖУФ – ТИКВЕШ

ПЛАЧКОВИЦА – БРЕГАЛНИЦА

КАМЕНИЦА САСА – СЛОГА (В)

РОСОМАН – ПОБЕДА

ТАБЕЛА

1.ТИКВЕШ 26

2.БРЕГАЛНИЦА 26

3.КОЖУФ 17

4.СЛОГА (В) 13

5.КИТ ГО 12

6.ОСОГОВО 10

7.ПОБЕДА 8

8.КАМЕНИЦА САСА 8

9.РОСОМАН 8

10.ПЛАЧКОВИЦА 6

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата