x

ВМФЛ – исток: Моќна Брегалница, убедлив и Тиквеш, меч за паметење во Кочани!

istok-za-denes

Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 7.коло во ВМФЛ – исток. Брегалница со 6:1 просто ја “смачка“ Слога Виница, си поигруваа “сините“ со гостите. Можеа, ако сакаа да стигнат и до “десетка“, навистина одлично издание на штипјани. Два гола постигна Додев, исто толку постигна и Наумов, а Мартин Стојанов и Кудијан по еден. Единствениот гол за гостите беше дело на Бујчевски.

Тиквеш со 3:0 експресно ја совлада Победа, со сите три гола во првиот дел. Па така кавадарчани и натаму се лидери на табелата. Христов, Трајкоски и Грозданоски стрелаа за 3:0 уште во 15.минута. Потоа беше само одработување на натпреварот без да се трошат силите.

Меч за паметење се одигра во Кочани, каде Осогово со 5:4 го победи Росоман. Натпревар со многу пресврти, со гол уште во 1.минута, на крајот сепак кочанци дојдоа до првата сезонска победа. Голема победа на Кит Го на гости кај Плачковица и тоа со 1:0, со голот на Оливер Христов, и на крај, во Гевгелија, Кожуф и Гевгелија одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

ПЛАЧКОВИЦА – КИТ ГО 0:1

КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА 1:1

ОСОГОВО – РОСОМАН 5:4

ТИКВЕШ – ПОБЕДА 3:0

БРЕГАЛНИЦА – СЛОГА (В) 6:1

ТАБЕЛА

1. ТИКВЕШ 17

2. БРЕГАЛНИЦА 17

3. КОЖУФ 12

4. ПОБЕДА 8

5. СЛОГА В 8

6. КИТ ГО 8

7. САСА 7

8. ОСОГОВО 7

9. РОСОМАН 7

10. ПЛАЧКОВИЦА 4

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата