x

ВМФЛ – ИСТОК: Дербито е Брегалница – Кит Го и тоа со женска арбитража…со победа “сините“ се есенски прваци!

bregalnica-deneska-novo

Во Штип, денеска со почеток во 13 часот, во дербито на колото се среќаваат Брегалница и Кит Го. Јасно е дека ова многу важен меч за двете екипи. Штипјани со победа и три бода и дефинитивно се есенски прваци, додека пехчевци со триумф уште повеќе ќе им се приклучат на водечките на табелата. Се очекува крајно интересен и возбудлив натпревар, како и секогаш кога играле овие две екипи кои се лути ривали. Да се потсетиме како тоа во минатото Кит Го знаел да ја изненади силната Брегалница. Останува да уживаме во настапот на две квалитетни екипи, кои играат офанзивен фудбал. Да кажеме и тоа дека на ова дерби ќе имаме женска арбитража. Главен судијата е Ирена Велевачкоска, а нејзе ќе и помагаат Билјана Миланова,Елена Илиевски Соклеска и Ивана Пројковска.

Тиквеш во Неготино како домаќин ја дочекува екипата на Слога Виница. Можеби кавадарчани се фаворити, но со оглед на тоа дека Тиквеш не е оној Тиквеш од пред еден месец, тука се е можно. Осогово во Кочани го дочекува составот на Победа, која оваа есен има разочарувачки резултати. Додека Кожув игра со Росоман, во меч кој би требало да го добие, и во последниот меч денеска во оваа конкуренција, се среќаваат Плачковица, уште еден интересен натпревар.

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – КИТ ГО

ТИКВЕШ – СЛОГА (В)

ОСОГОВО – ПОБЕДА

КОЖУФ – РОСОМАН

ПЛАЧКОВИЦА – КАМЕНИЦА САСА

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 36

2.ТИКВЕШ 31

3.КОЖУФ 22

4.СЛОГА (В) 20

5.КИТ ГО 19

6.КАМЕНИЦА САСА 16

7.ПОБЕДА 13

8.ОСОГОВО 13

9.ПЛАЧКОВИЦА 10

10.РОСОМАН 8

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата